Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Колева: Силјановска е само уште едно лице на ДПМНЕ, не нѝ треба реприза на Иванов

Интегрален текст од денешната прес-конференција на Даниела Колева, пратеничка на СДСМ:

Изборот пред граѓаните на претстојните претседателски избори е помеѓу борба за европска иднина со СДСМ или заглавени во изолација со ДПМНЕ.

Понудата на ДПМНЕ е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштинска промена за подобро утре.

Кандидатката на опозицијата, Гордана Силјановска Давкова е само уште едно лице на ДПМНЕ, продолжена рака на Христијан Мицкоски.

Во изминатите четири години Силјановска како пратеничка на ДПМНЕ ги поддржуваше блокадите на македонското Собрание и европскиот пат на земјата.

Глас за Силјановска е глас за враќање назад, во рикверц, глас за оддалечување на државата од Европската Унија.

На Македонија не ѝ е потребен претседател кој ќе биде реприза на Ѓорге Иванов.

Не нѝ треба претседател кој ќе биде партиски послушник и безгласна буква како Иванов.

Не нѝ треба претседател кој ќе го слуша гласот на Белата палата, а ќе биде глув за потребите на граѓаните.

Не смееме да дозволиме деструктивните политики на Белата палата да се преселат во претседателскиот кабинет!

Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски.

Граѓаните ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа.

Можеби ќе ве интересира

Грабеж среде бел ден во Аеродром: скопјанец остана без пари, мобилен телефон и без лични документи

ДЕСК

Драма во Карпош: 35 годишна жена нападнала возрасна скопјанка во продавница

ДЕСК

Пронајдени 15 лица мигранти во гевгелиско, приведени двајца криумчари, следува пријава

ДЕСК