Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Ќерката на Силјановска Давкова со јавна осуда за тие што вандализираат Парламент, а нејзината мајка со намера да ги помилува

Ќерката на претседателската кандидатка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, Марија Давкова на социјалните мрежи рече дека тие што вандализираат Парламент имаат проблеми со самите себе, алудирајќи на непристојното однесување на пратениците од Левица во Парламентот, пишува 24info.mk

Таа го сподели овој став, под статусот во кој напиша дека била нападната и насилно избркана од автомобил од страна на претседателот на Левица, Димитар Апасиев.

Сепак, најголемото вандализирање на македонското Собрание се случи на 27 април, кога освен што беше вандализирано Собранието, толпата се обиде и да убие пратеници и нападна новинари.

Но за ова вандализирање, кандидатката за претседател, ставот на Силјановска-Давкова не е дека тие имаат проблем со себе, туку дека треба да добијат помилување.

Можеби ќе ве интересира

ДОПОЛНИТЕЛНИ 26.000 ВАКЦИНИ ПРИСТИГНАА ВО МАКЕДОНИЈА – Министерството со известување

ДЕСК

МИЦКОСКИ ЈА ПРЕДИЗВИКА ОПОЗИЦИЈАТА – „Нека побараат распуштање на Собранието, ќе поддржиме предвремени избори“

ДЕСК

Анализа: НА МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА Ѝ ТРГНЕ МНОГУ ПОДОБРО – Ако се смират светските кризи, економијата има простор за посилен раст

ДЕСК