22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Николовски за Слободен печат: За две години ги зголемивме пензиите за над 30 проценти

Зборувајќи за Буџетот за 2024 година, заменик министерот за финансии Филип Николовски во интервју за Слободен печат истакна дека тој е развоен, во износ од 5,6 милијарди евра, од кои над 700 милиони евра се предвидени за капитални инвестиции.

Николовски посочи дека се предвидени повеќе пари и за исплата на пензии и плати, потсетувајќи дека со новата методологија за усогласување на пензиите, тие се покачуваат на секои шест месеци во годината.

„Сега во месец март имаме повторно зголемување на пензиите, затоа што пред две години воспоставивме систем на усогласување на пензиите кои се усогласуваат двапати во годината, во месец март и месец септември и пензионерите тоа го заслужуваат. Овој пат, сега во месец март, пензиите ќе пораснат за околу 5,5 проценти и битно е да кажеме дека со ова покачување, пензиите за две години ќе имаат покачување од над 30%. Тоа е така затоа што поставивме системско решение, затоа што ниеден граѓанин не заслужува а ниту пензионерите не заслужуваат дали ппед избори или по избори или во кој било период од нечие владеење, некој да ги уценува на каков било начин“ рече Николовски.

Кога ќе поставиш системско решение, додаде тој, нема никакви штрајкови, никакви уцени и тоа ние го видовме во овие две години.