18. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
БИЗНИС

УЈП објави список на луѓе и фирми со имиња – Еве кој колку должи за данок

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.03/2024 за долгови доспеани до 30.11.2023 и неплатени до 29.02.2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

На Листата на должници бр.03/2024 објавени се 1801 должници – правни лица (помалку за 71 од претходната листа) и 3606 физички лица (помалку за 21 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.03/2024 изнесува 9.829.008.706 денари, (помалку за 516.849.267 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.627.319.566денари, (помалку за 513.855.269 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 201.689.140 денари (помалку за 2.993.998 денари од претходната листа).

Листата на должници погледнете ја на овој ЛИНК.

Можеби ќе ве интересира

Дали во понеделник треба да се посети менувачница? – Курсна листа за 18-ти август 2025

ДЕСК

Нови цени на горивата

ДЕСК

Во текот на минатата недела УЈП спроведе 383 контроли за фискализација – 27% од контролираните субјекти со утврдени неправилности согласно ЗРГП

ДЕСК