Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Средба Џафери- Прескер: Словенија дава безрезервна поддршка за европската перспектива на Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска се сретна со амбасадорот на Република Словенија во државата, Н.Е. Грегор Прескер.

Во фокусот на разговорот беа севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Словенија и можностите за нивно унапредување, со акцент на економската соработка. На средбата се разговараше и за европската перспектива на нашата држава, како и состојбите во поширокиот регион од Западен Балкан.

За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!

▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALAS

Уживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.

Соговорниците истакнаа дека двете држави имаат одлични билатерални односи кои се карактеризираат со постојана меѓусебна поддршка и почитување.

Премиерот Џафери ја поздрави поддршката што Словенија ја дава за европската перспектива на Северна Македонија, како и за споделувањето на искуствата во овој процес.

Освен успешната политичка и економска соработка меѓу двете земји, соговорниците разменија ставови и за соработката во областа на одбраната, внатрешните работи, културата, науката и образованието.

Амбасадорот Прескер истакна дека Северна Македонија заедно со другите земји од регионот е географски приоритет за Словенија и ќе продолжи активната и гласна поддршка на Словенија за европската интеграција на Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Конески од годишната конференција на УМС најави три проекти, реновирани студентски домови, грантови за млади претприемачи и студентите во општините не како гости, туку на практична работа

ДЕСК

АГРЕСИВЕН КОН ПОЛИЦАЈЦИТЕ, ОДБИЛ И АЛКОТЕСТ – Приведен 66-годишник во Демир Капија

ДЕСК

Мицкоски: Опозицијата ја дезинформира и манипулира јавноста со случајот Алта банка, Филипче и СДС ќе ги разочарам, а граѓаните ќе бидат задоволни, банката ќе се спаси

ДЕСК