Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Полицијата на нозе: Деветмина уапсени во Могила, фатени на дело

На 10.03.2024 во 12.30 часот во с.Долно Српци, општина Могила, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода осум лица сите од Прилеп и едно лице од с.Мажучиште, прилепско. Тие биле затекнати при извршување на кражба во објект на ЗИК „Пелагонија“. Од нив биле одземени патничко возило „фолксваген венто” со прилепски регистарски ознаки, патничко возило „фолксваген венто” со гостиварски регистарски ознаки и патничко возило „форд транзит” со гостиварски регистарски ознаки, натоварени со повеќе предмети сопственост на ЗИК „Пелагонија“.

Предметите биле вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, против лицата ќе следува соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти

ДЕСК

Стојаноска: Вреди одигра улога на тројански коњ и ги раштрка гласовите во корист на ДУИ

ДЕСК

Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени

ДЕСК