Centar.mk
фото Centar.mk / JS images
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Невреме во Македонија – синоптичарите објавија четиридневна прогноза

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Потоа во следните денови ќе се задржи променливо облачно време, во среда со повремен локален дожд.

Прогноза за 13.03.2024
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 9°C до 16°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Прогноза за 14.03.2024
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 9°C до 17°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне претежно во планинските региони ќе има слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 15.03.2024
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 10°C до 17°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК