„Негативната кампања кај граѓаните има негативен ефект. Да ја дефинираме црна и негативна кампања и предизборна кампања зборуваме. Ако земеме предвид, конкретно еве противникот на СДСМ- ВМРО-ДПМНЕ, низ годините води црна и негативна кампања.Мислам дека не постои поцрна и негативна кампања од изјави, пресови, од секакво обраќање во медиуми, кои што се полни со лага. Ако се навратиме наназад, да почнеме од потписите за мигранти,на 40 степени луѓето се потпишуваа да не се населуваат мигранти во државата, повик за бојкот на пописот, што следуваше со помала бројка на попишани граѓани, потоа нема да има струја, храна, па асимилација и бугаризација, работи кои се испоставија дека воопшто не се така, а некој го користеше тој момент , ги користеше сите тие состојби кои се случуваа во државата само за партиски бенефит, воопшто не се мислеше на граѓаните и воопшто не се размислуваше за реториката дека тоа ќе поттикне една поделба кај граѓаните и ќе поттикне омраза кај граѓаните кон одредена група,“ рече Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ, во емисијата Топ Тема на ТВ Телма.
Таа посочи дека не може да не се остави простор во демократско општество на опозицијата. Како и дека опозицијата има право да критикува.
„Ќе го земам за пример, опасноста, ризикот од мигранти, каков простор остави тука власта, нивните изјави одеа по сите медиуми, ние кажувавме дека тоа не е вистина, зборувате да се изнајдат алатки како да се спречи тоа, значи станува збор за кампања која трае 5 години. Она што треба да го направи власта и што го направила во тој момент дека сме кажале која е стратегијата и дека такво нешто не постои. Исто и за францускиот предлог, кажувавме дека нема бугаризација, и асимилација, имавме гилотини пред собрание, имавме молотови коктели , имавме поттикнување на говор на омраза, при блокадаата на антикризните мерки во собрание се кажуваше дека трошка им даваме на граѓаните. Имаме противник од другата страна кој постојано бил во негативна кампања. Да, ние сме реагирале, да некогаш и сме згрешиле, со реториката со која сме возвратиле, но СДСМ е постојано во промотивна кампања, промоција на мерките и нема зошто да бидеме поинакви и имаме со што да се претставиме пред граѓаните,“ рече Кузеска.