17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Битиќи: Берзанските цени на суровините се намалени за 30%, не очекувам голем раст на цените во прехраната

„Имавме обиди и претходно да носиме или замрзнување на маржите на добивка или замрзнување на цените, па одмрзнување за да видиме како ќе се движат цените. Од другата страна имавме неетичко однесување на одредени субјекти и тоа влијаеше на инфлацијата. Во овој момент сметаме дека тоа што можеби беше причина за зголемување на цените е отстрането. Берзанските цени на суровини и готови производи се намалени за скоро 30 отсто“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „360 степени“ на МТВ.

Тој додаде дека во ваква ситуација на намалување на берзанските цени не може да се очекува дека за 30 отсто ќе растат цените.

„Затоа мојот повик е дека не би требало да имае зголемување на цените, особено во малопродажба“ рече Битиќи.

Вицепремиерот објасни дека во текот на изминатата недела имаше соопштение од два ланци на супермакерките кои, свесни за евентуалното однесување на други чинители, сами одлучиле дека ќе ги задржат замрзнатите цени до 15 мај.