Centar.mk
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Ангелова: Во 2025 година ќе има ново големо покачување на платите на УКИМ

Платите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ сега на солидно ниво, но се уште има простор за нивно покачување, изјави во гостување на програмата на Слободен печат, ректорката на Универзитетот, Билјана Ангелова.

„Порано платите на судиите и професорите на универзитетите биле изедначени, сега не е така. Но, треба да знаеме ова последното покачување на платите е првата фаза од реализација на Колективниот договор. Втората фаза е веќе во 2025 година, кога ние ќе добиеме уште едно покачување од 50% бруто, тоа некаде доаѓа 35% покачување кај редовните професори и тогаш ќе можеме да кажеме дека сме на задоволително ниво“ истакна Ангелова.

Таа посочи дека последното покачување на платите на УКИМ е едно од најголемите покачувања досега имајќи предвид дека тие во изминатите десеттина години симболично се покачувале по пет или по седум отсто.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК