Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

158 санкционирани возачи на територијата на општина Гостивар

Во текот на вчерашниот ден (10.03.2024) во периодот од 11.30 до 17.30 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на општина Гостивар, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 158 возачи, од кои 47 за возење без возачка дозвола, 20 санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, 23 мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), седум санкции за возење без лекарско уверение во јавниот превоз… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!

▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALAS

Уживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ТРОЈЦА НАПАДНАЛЕ 20-ГОДИШНИК ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – Еден од напаѓачите му бил познат

ДЕСК

СО 2,58 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ АГРЕСИВНО СЕ ОДНЕСУВАЛ ПРЕД КУЌА – Приведен струмичанец

ДЕСК

Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ ПО ТЕЛЕФОН ДОДЕКА БИЛА СО ДВЕТЕ ДЕЦА ВО БОЛНИЦА – Приведен 32-годишник

ДЕСК