Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Удрен пешак во Скопје, со тешки повреди пренесен на клиника

Денеска, во 00.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисна улица која ги поврзува ул.„Бутелска“ со бул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(31) од Скопје, удрило во пешакот Б.П.(36) од Скопје, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Зимата се враќа, снег ќе трупа во делови од Македонија – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Вработен во РЕК Осломеј пријавил дека има бомба во кругот на комбинатот и си заминал од работа

ДЕСК