„Собранието го донесе Законот за лични документи, со што им се овозможи на оние граѓани кои што немаат променети документи, односно девет месеци до одржувањето на изборите ќе го имаат своето уставно право да излезат и да гласаат. Сето она што се случуваше со документите, се створи паника кај граѓаните од страна на оние лица кои практицираат власт, а тоа е министерот за внатрешни работи, затоа што долго време од Белата Палата велеа дека ќе го решат проблемот веднаш по доаѓањето на власт. Тоа е последица на промената на уставот и внесување на новото име на државата, но новото име на државата е реалност, целиот процес од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше драматизиран, и се случи непотребен хаос,“рече пратеникот од СДСМ, Миле Талевски, во емисијата Клик Плус на ТВ 21.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ од петни жили се бори за имплементација, како и дека ги лажеле граѓаните дека ќе го променат името.
„Ги повикуваа граѓаните да не вадат лични документи затоа што името ќе било вратено. Законите кои беа доставени во Собрание, беа блокирани од ВМРО-ДПМНЕ и на Левица во 2019, 2020 и 2021 година, со над 1500 амандмани. Гледаме ние секојдневно се бара начин да се излезе од оваа ситуација. Најмалку треба да го политизираме овој момент. Обрасци има, гледаме дека доаѓаат секојдневно и треба да се заврши процесот што поскоро,“рече Талевски.
Талески посочи дека во техничката влада кога технички министер бил Наќе Чулев, при алармантна потреба од обрасци за документи, се набавиле обрасци за патни исправи со старото име на државата.
„Еве документ, министерот во техничката влада Наќе Чулев испрати барање за набавка за пасоши со старото име,“рече Талевски покажувајќи документ како доказ.