Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд

Денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 14 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб локален дожд. За време на викендот ќе започне да дува јужен ветер и дневната температура ќе биде во пораст. Нестабилно време со нови поинтензивни врнежи проследени со грмежи се очекува во почетокот на следната седмица.

Можеби ќе ве интересира

Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти

ДЕСК

Стојаноска: Вреди одигра улога на тројански коњ и ги раштрка гласовите во корист на ДУИ

ДЕСК

Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени

ДЕСК