15. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

И ТВ Алфа потврди дека има правда за работничките

69-те работнички од кавадаречката конфекција „СОНИ“ на кои им беше пресудено дека треба да платат штета од 20.000евра и покрај тоа што не им биле исплатени плати за три месеци, се симболот на овогодинешниот 8 Март. Апелациониот суд во Скопје ја укина првостепената пресуда донесена од страна на кавадаречкиот Основен суд и ја врати на повторно судење пред првостепениот суд во Кавадарци.

„Апелација од Скопје вели, односно им се дадени јасни насоки на Основен суд-Кавадарци и е потенцирана онаа контрадикторност, неразбирливост и нејасност во ценењето на одредбите на членовите и законот, меѓутоа и како тие ценеле за да ја донесат таа правна пресуда од која бевме згрозени ние и целата македонска јавност, а особено работничките на кои тогаш им беше кажано дека иако им се должат плати, сепак треба да платат 20.000евра за судски и адвокатски трошоци„ изјави Кристина Ампева од Гласен текстилец, објави Алфа.

Но не сите жени успеваат во борбата за работнички права. Направен е значителен напредок, но сепак сме далеку од првичната идеја за рамноправност помеѓу мажот и жената, објаснува Ампева.

„Се уште имаме откази на бремени жени, има работничките во приватниот сектор на кои се уште не им се исплпаќа редовно платата, придонеси, немаат здравствено осигурување поради некој што упопрно сака да биде газда, а не знае како да работи тоа значи дека ние се уште се соочуваме со непочитуваање и на работничките, но и на основните човекови права„ изјави Кристина Ампева од Гласен текстилец.

Според невладиниот сектор и синдикатите дел од жените во државава не ги знаат своите работнички права. Често се потпишуваат на празни листови и потоа не можат да ја извадат правдата на виделина.