Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Бојмацалиев во посета на борките од НОБ: Вие сте вистински пример за македонската кауза за слобода

Денеска (08.03.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со заменик министерката за здравство Маја Манолева ги посетија жените борки од Градски одбор на Сојуз на борци по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март.

„Изразувам најискрени честитки и почит за нивната исклучителна храброст и непобитна решителност во борбата за слобода и правда. Вие сте вистински пример на силата и одлучноста на жената, која со придонесот кон македонската кауза за слобода, го остави својот вечен белег во историјата на македонскиот народ во создавањето на современа македонска држава, и стана потсетник за нас сите дека слободата и правдата треба секојдневна и неуморна борба”, рече Бојмацалиев, додавајќи дека денешниот 8-ми Март не само што е прилика да се спомене вашата важна улога, туку и да се потсетиме на неопходноста од продолжување на борбата за еднаквост, социјална и економска правда и правична застапеност за сите жени.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +