Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: А сега го покануваме Микоски од Северна Македонија – ова е најавата за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на конгресот на ЕПП

Серија на лажни вести осамнаа на портали блиски до ВМРО-ДПМНЕ, дека на конгресот на Европската народна партија (ЕПП), опозицискиот лидер Христијан Мицкоски бил најавен дека доаѓа од Македонија, а не од Северна Македонија.

Со монитирано видео, порталите блиски до опозициската ВМРО-ДПМНЕ, објавија вест дека за ЕПП не постои Северна. На монтираното видео е сечена и лепена официјалната најава за Мицкоски, па е избришано Северна.

Од официјалното видео на конгресот на ЕПП и од преносот во живо може да се види дека најавувачката го кажа целосното име на државата, Северна Македонија, но проблем имаше со презимето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој наместо Мицкоски беше претставен како Микоски.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Функционер од ЗНАМ вечерва се врати во редовите на СДСМ

ДЕСК

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК