16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Тренчевска: Моите колешки министерки, вистинска поддршка за сите жени

Во склоп на активностите кои ги спроведува дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска под името „Гласна и Храбра 2“ денес заедно со министерката за одбрана, Славјанка Петровска, министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, заменичката министерка за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ и сопругата на претседателот на СДСМ, Елена Ковачевска присуствуваа на работилница каде беа изработувани рачни изработки и каде се украсуваана предмети со техника декупаж. Пред започнување на работилницата тие го посетија и осмомартовскиот саем во Градскиот трговски центар.

Активностите кои се спроведуваат во склоп на „Гласна и Храбра 2“ имаат за цел да ги поттикнуваат жените на поголемо вклучување на пазарот на трудот и нивна економска независност и напредок. Потребата за повеќе работници на пазарот на труд, но и статистичките показатели дека 45% од жените не се активни на пазарот на труд е темелот на овогодишните приказни и движења.

На работилницата присуствуваа и деца од Јавната установа Детски дом „11 Октомври“- Скопје и деца од дневниот центар за деца со даунов синдром „Доза Среќа“.

Можеби ќе ве интересира

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

ДЕСК

СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Објавено метео предупредување

ДЕСК