Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Тошковски се обрати на Регионалната конференција за род и безбедност во Скопје

Денес 07.03.2024 година Министерот за внатрешни работи се обрати на отворањето на Регионалната конференција за род и безбедност во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ОДИХР каде ја истакна важноста од учеството на жените во безбедносните структури.

Во своето обраќање министерот Тошковски потенцира дека иако жените се помалку застапени на раководни позиции во органите за спроведување на законот, што би можело да се припише на стереотипите поврзани со работењето во полицијата, сепак борбата за давање моќ на вработените жени во полицијата мора да продолжи, особено преку континуиран развој и унапредување на нивното знаење со примена на најдобрите практики, учество на бројни конференции посветени на родовото прашање, преку користење на родово чувствителен јазик со цел жените во полицијата да станат повидливи.

На крајот од своето обраќање министерот Тошковски ги поздрави напорите на Мисијата на ОБСЕ во Скопје за подигнување на јавната свесност за јазот кој сè уште постои меѓу мажите и жените во безбедносните професии, но воедно и за конкретните заложби кои ги преземаат за надминување на овој проблем.

Можеби ќе ве интересира

Битиќи: Граѓаните ќе платат над 60 милиони евра само за камати од новото задолжување на Владата

ДЕСК

Николоски на средба со вицепремиерот на Хрватска Олег Бутковиќ, суштински разговори за развој на коридорите и поддршка за решавање на проблемот на превозниците

ДЕСК

(фото) Мицкоски го пречека хрватскиот премиер Пленковиќ во Охрид

ДЕСК