Кинескиот извоз силно порасна во јануари и февруари, покажаа податоците на Царината, што сигнализира закрепнување на глобалната трговија.
Во првите два месеца од годинава извозот од втората по големина светска економија порасна 7,1 отсто во однос на истиот период во 2023 година.
Во декември извозот е зголемен 2,3 отсто во однос на истиот месец од 2022 година. Увозот во јануари и февруари е зголемен 3,5 отсто во однос на истиот период лани по стагнацијата на крајот на 2023 година.
Трговскиот биланс за првите два месеца од годината покажа суфицит од 125,16 милијарди долари. Во декември таа изнесуваше 75,3 милијарди долари.
Кинескиот извоз во САД повторно порасна 5 отсто во јануари и февруари. Извозот во Русија скокна 12,5 отсто.
Извозот во ЕУ е намален 1,3 отсто.
Кинескиот премиер Ли Кијанг во вторникот објави дека тие се стремат кон стапка на раст од речиси пет проценти оваа година и вети дека ќе го трансформираат развојниот модел, кој во моментот многу се потпира на извозот на готови производи.