Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Невидена трагедија ја потресе Македонија: Малолетник загина од удар на гром во гевгелиско

Малолетник од гевгелиското село Негорци попладнево загина од удар на гром откако овој регион бил зафатен од силно невреме.

Днеска во 15:30 часот во Одделението за внатрешни работи Гевгелија било пријавено дека во атар на село Негорци, гевгелиско, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт со изгореници по телото кај малолетник наверојатно од удар од гром, кој во тој момент напасувал добиток.

Бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатото момче било дадено на обдукција.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ДОАЃА ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски: Немаат кредибилитет од СДСМ да зборуваат за минимална плата, кога тие беа власт станаа познати по корупцијата и криминалот

ДЕСК

Мицкоски: Минатата година ја завршивме во првите 5 во Европа по процентот на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни

ДЕСК