Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Демири: Имунизацијата е најголемото достигнување, досега вакцинирани повеќе од 22 илјади лица

Министерот за здравство д-р Илир Демири, во вчерашното гостување во емисијата „10 минути“ на ТВ21 потенцираше дека вакцинацијата е најголемото достигнување. Тој информираше дека со самото прогласување на епидемија на градот Скопје досега вакцинирани се повеќе од 22 илјади лица.

Во емисијата, посочи дека вакциналните пунктови работат во две смени со цел да им биде полесно на родителите да ги имуницираат своите деца, гарантирајќи дека вакцините немаат никаква врска со аутизмот.

Во однос на функционирањето на здравствениот систем, Демири рече дека има потреба од регионализација. Тој изјави дека доколку му е дадена можноста да продолжи да ја извршува позицијата министер за здравство по изборите ќе се труди за формирање на регионални центри во Битола, Штип, Куманово и Тетово. Со ова, пациентите ќе добиваат здравствена услуга најблиску до местото на живеење. Како пример за регионален центар ја посочи Клиничката болница Тетово кадешто работел на оваа идеја пред да стане министер.

Можеби ќе ве интересира

Лукаревска: Новата фискална стратегија не нуди системски реформи, туку должничко ропство

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС во делот на економијата е небо и земја

ДЕСК

Битиќи: Граѓаните ќе платат над 60 милиони евра само за камати од новото задолжување на Владата

ДЕСК