Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Забрчанец за Отворен Балкан: Државата покажа волја и капацитет за спроведување на мерките од Отворен Балкан

„Во сите мерки државата покажа капацитет за сите предизвици што ги имаат македонските институции во делот на Отворен Балкан. Особено е добро што со оваа иницијатива почнуваат да комуницираат вработените во институциите на трите држави. Не станува збор за среќавање на самити, конференции на политичари. За мерката за слободен пристап до пазар на труд, на дневно ниво вработените од Агенцијата за вработување, МИОА и полициите меѓу трите држави функционираат како едно“ рече националниот координатор за Отворен Балкан и регионални иницијативи во Владата, Марјан Забрчанец во утринската програма на „Слободен печат“.

Тој додаде дека за да функционира иницијативата Отворен Балкан поребна е политичка волја и владите и раководствата во трите земји да се залагаат за иницијативата.

„Второ, потребно е иницијативата и проектите да се поддржани од граѓаните, да има потреба да постојат. Овие услови кај нас се исполнети. Нашата влада од основањето на иницијативата постојано ја поддржува и иницира нови проекти, а граѓаните на различни анекти меѓу 70 и 80 проценти даваат поддршка“ рече Забрчанец.

Гледај го бонус видеото и следи нè на YouTube за вакви содржини секој ден

Можеби ќе ве интересира

Фрчкоски: Кога седна Орце во фотељата кога омилената фрима на ВМРО доби тендер?

ДЕСК

Удрил во полициски службеник и побегнал

ДЕСК

Крадци завршиле со празни раце откако се обиделе да ограбат бензинска пумпа во Кисела Вода

ДЕСК