Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Забрчанец: Слободниот пазар на труд во Отворен Балкан е чекор кон единствениот европски пазар на труд

„Единственито пазар на труд е европска пракса кон која се стремиме. Не можам да се согласам дека за да нема одлив на луѓе, треба да ги затвориме границите и да влеземе во изолација. Ако зборуваме за отворени граници, тоа значи слободен проток на луѓе“ рече националниот координатор за Отворен Балкан и регионални иницијативи во Владата, Марјан Забрчанец во утринската програма на „Слободен печат“.

Тој додаде дека со оваа мерка ќе се пополнат дупките или празнините на пазарите на труд во трите земји – Северна Македонија, Албанија и Србија.

„Знаеме за конкретни примери кои веќе контактираат со Агенцијата за вработување, компании од Куманово и Струга кои таргетираат потенцијални работници од Врање и пограничниот дел на Албанија кај Струга. Ќе имаме и прилив на работна сила“ рече Забрчанец.

Националниот координатор додаде дека оваа европска мерка ги почитува и се залага за слободите на проток на луѓе, услуги, стоки, производи и добра.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза – Значителна промена на времето, подгответе се за дожд, а деновиве и снег

ДЕСК

Инцидент во центарот на Скопје – физички нападнат скопјанец

ДЕСК

Стружанка илегално изградила семејна куќа во Трпејца – ем заработи кривична, ем ќе и’ ја срушат куќата до темел

ДЕСК