Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Лажна е веста дека ниту еден претходен министер за внатрешни не ги посетил полицајците во Неготино, Спасовски го направил тоа за време на неговото раководење

Денеска одредени медиуми објавија лажна вест дека актуелниот технички министер за внатрешни работи е првиот министер кој го виделе неготинските полицајци.

Екс-министерот Оливер Спасовски на 30-ти август 2018-та ја посетил полициската станица во Неготино, покажуваат архивите на МВР.
-Остваривме работна средба во ПС Неготино и командирот на полициската станица ме информира дека безбедносната ситуација во Неготино е поволна. Има опаѓање на криминалитетот, а се зголемува ефикасноста во работата на полициските службеници, што значи откривање на сторителите и поднесени кривични пријави- рече тогаш министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при неговата посета на ПС Неготино на 30 август 2018-та година.

Средба со полицајците во Неготино имаше и дополнителниот министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев на 14 февруари 2024.

Можеби ќе ве интересира

Нова трагедија на охридското крајбрежје – пронајдено тело на починат скопјанец

ДЕСК

Африм Гаши излезе од болница

C +

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Шукова ниту имаат план ниту знаат како да го подобрат животот на скопјани

C +