Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Приведен крадец од гостиварско за издржување затворска казна од 16 месеци

Вчера, во 20.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 32-годишниот Ш.Ф. од гостиварско Чегране. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година и четири месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК