Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Делувањето на ДКСК е исклучително важно во процесот на евроинтеграцијата

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, денес оствари средба со новоименуваната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска.

На средбата Вицепремиерот ја истакна важноста на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во овој важен момент за иднината на нашата држава.

Соговорниците се сложија дека успешно завршениот скрининг процес претставува голем реализиран чекор во процесот на евроинтергација, како и важноста за подготовка односно следење на патоказите и механизмот за владеење на правото каде што антикорупциската комисија има важна улога.

На средбата Маричиќ се сложи со Димитровска дека спроведувањето и почитувањето на законите како и независното и објективно делување на институцијата се согласно политиките на доброто владеење, европското законодавство и спречувањето на корупцијата и судирот на интересите, унапредување на интегритетот на институциите како приоритет за промоција на европските вредности за кои се залагаме.

Маричиќ го изрази своето расположение за соработка на институцијата во борбата против корупцијата, за која што посебно се залага како Вицепремиер во Владата.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК