Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Кривична пријава за „фалсификување службена исправа”

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ц.Ѓ.(63) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа” по член 361 од Кривичниот законик.

Пријавениот, вработен како референт за превоз во Јавното претпријатие „Национални Шуми“ – Подрачно шумско стопанство Караџица – Скопје, на 03.07.2023 издал испратница за натоварено огревно дрво во товарно возило „там“ со скопски регистарски ознаки за количина од четири кубни метри. Подоцна, при контрола на возилото и по извршениот увид и премерување од Шумската полиција, било констатирано дека во возилото има претовар, односно дека вистински натоварената количина огревно дрво не одговара на наведената количина во издадената испратница од страна на пријавениот, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

Предлог-законот за јавно обвинителство на јавна расправа

ДЕСК

ПРЕСВРТ СО ВРЕМЕТО: Студена воздушна маса носи дожд и снег низ Македонија – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишен од слобода скопјанец, одреден му е притвор

ДЕСК