Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Костадиновска: Добро е што жените жртви на насилство се охрабруваат и истото го пријавуваат

Денеска многу повеќе и поотворено се зборува за насилството врз жените, порача во интервју за Слободен печат, пратеничката од редовите на СДСМ, Марија Костадиновска.

Таа смета дека е добро тоа што жртвите се охрабруваат и го пријавуваат семејното или партнерското насилство.
„Добро е жртвите и оние кои трпат насилство се охрабруваат да ни пристапат, препознавајќи не како ликови кои години наназад се залагаме и за нивните права и за гласност и за отвореност иако се уште се плашат и се прашуваат дали системот нуди доволно заштита“ рече таа.

Костадиновска потсети дека со измени на Кривичниот законик се воведени нови кривични дела, кои треба да имаат за цел намалување на насилството врз жените и повисоки казни за насилниците, но изрази резерва околу тоа колку жртвите на насилство се запознаени со механизмите за заштита.

„Направени за законските измени, во Кривичниот законик е ставено „демнење“, ставен е фемицидот, но прашање е колку жртвите се запознаени колку тие имаат пристап, затоа што некои жртви се со години држени внатре во семејството и не знаат дека имаат механизми за заштита што во ова време е фрапантно да се слушне но за жал тоа е така. Многу од жртвите заради децата, заради срам од средината премолчуваат и не пријавуваат, но добро е што тоа постојано се менува“ заклучи Костадиновска.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК