26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Бочварски во Куманово: Ја засилуваме динамиката на реализација на капиталните инвестиции, преку 2 милијарди евра инвестираме во патишта, железници, гасоводи

Го продолжиме трендот на зголемена реализација на инвестициите во капитални проекти во сите општини. Градежната сезона полека се отвора, а со тоа и динамиката на работа на терен. Денеска сум во Куманово да направам увид во реализацијата на капитални проекти што ги работиме преку централната власт, истака министерот Бочаврски од Куманово.

Министерот изврши увид во градежните работи на улицата “300” во населбата Ајдучка чешма, инвестиција од 9,6 милиони денари средства обезбедени преку Министерството за транспорт и врски.

Реконструкцијата на оваа улица беше барање на жителите од оваа населба, а исто така на нивно барање ќе се изврши и проширување на истата.

„Се наоѓаме на улица 300 во населбата Ајдучка чешма каде вршиме целосна реконстуркција на оваа улица. Работата се одвива според планираната динамика и тоа што сакам да најавам е дека по барање на жителите ќе направиме нејзино проширување. Исто така во Куманово многу брзо започнуваме со реконструкција и на уште еден локален пат и тоа од Костматац преку Мургаш до Новосељање во должина од 5 километри за што вкупно инвестираме преку 800 илјади евра. И морам да спомнам дека овие инвестициски зафати се на барање на граѓаните. Реконструкцијата на овие улици се дел од проектот на Министерството за транспорт и врски со кој даваме силна поддршка на општините, проекти кои се од големо значење за граѓаните и за развој на локалната економија”, изјави министерот Бочаврски

Преку проектот за локални патишта во општините до сега рехабилитирани се преку 180 локални улици и патишта во над 60 општини.