Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Битиќи пред бизнис делегација од Јапонија: Северна Македонија е посакувана дестинација како за јапонските, така и за други светски инвеститори

Денешниот ден е еден чекор напред кон унапредување на нашите билатерални односи со Јапонија, бидејќи претставници на водечки јапонски компании се дојдени за да ја запознаат нашата земја и можностите за развој на нивните бизниси кои нашата држава ги нуди, изјави заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, по потпишувањето на Меморандум за соработка помеѓу Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) и Јапонската организација за надворешна трговија (ЏЕТРО), што се одржа денес Клубот на пратеници во Скопје.

Вицепремиерот Битиќи посочи дека во текот на изминатите три децении, Северна Македонија и Јапонија одржуваа пријателски односи, но постои простор за нивно унапредување во делот на економската соработка.

„Сакаме да ја надминеме географската оддалеченост и да создадеме посилни економски врски. Ги претставивме можностите за инвестирање кои ги нудиме согласно законската регулатива, од финансиска поддршка за отворање на работни места и капитални инвестиции до поддршка за истражување и развој“, рече вицепремиерот Битиќи.

Тој посочи дека географската локација на Северна Македонија и нејзината близина до Европската Унија дава стратешки предности во делот на привлекувањето на нови странски инвестиции.

„Нашата држава е со стратешка локација, близина и пристап до единствениот пазар на ЕУ, а нашата легислатива е во голема мера усогласена со онаа на Европската Унија, на тоа во последниве неколку години засилено се работеше и се работи. Северна Македонија е посакувана дестинација како за јапонските, така и за други светски инвеститори. 2022 година беше година со рекордни странски инвестиции од 753,8 милиони евра, година на пост ковид кризата. Тоа е доволен показател за зрелоста на нашата економија и бизнис опкружување“, рече вицепремиерот Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи нагласи дека Северна Македонија не е повеќе земја на евтина работна сила, туку на странските инвеститори нуди високо квалификувани работници со достоинствени плати.

„Од друга страна пак, заштитени се и нашите граѓани, нашите работници, нашиот највреден капитал, човечкиот капитал. Бидејќи оваа држава од 2017 наваму веќе не е земја на евтина работна сила, туку земја на високо квалификувана, добро платена и конкурентна работна сила“, рече Битиќи.

Меморандумот го потпишаа директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски и директорот на ЏЕТРО од Виена, Татсуо Камино. Потпишувањето се направи во месец кога се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Јапонија и Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Добра вест: Дома се врати исчезнато 13 годишно девојче од Кочани

ДЕСК

71 годишен скопјанец со четирицикл се забил во ѕид од куќа во ноќни часови

ДЕСК

Тешка сообраќајка на улицата „Имер Призрени“ во Скопје – повредени две млади лица

ДЕСК