Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Турчин заврши во болницата во Гостивар: Играјќи, изгубил рамнотежа, па за да се задржи, се фатил за остар предмет

Дваесет и тригодишен државјанин на Турција со повреда од остар предмет бил примен во гостиварската болница.

Според пријавеното, тој ја добил повредата во станот во кој привремено престојува во Гостивар со двајцата свои сонародници Е. Н. (20) и Т. Н. Е. (21).

Како што е пријавено, играјќи, изгубил рамнотежа и за да не падне, се фатил за работната маса на која имало остар предмет.

Се расчистува и документира случајот, велат од СВР Тетово.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТВОРИЦА ПРИВЕДЕНИ ПО ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР ВО СКОПЈЕ – Тепачка по дуелот меѓу Шкендија Арачиново и Тиквеш

ДЕСК

МДТ ја продолжува борбата против нелегалното онлајн коцкање, нов налог за блокирање 104 веб-страници

ДЕСК

Ласовска на седница на Комисијата за правни прашања и меѓународна соработка на ПАБСЕК

ДЕСК