Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Снег вее низ Македонија – еве каква е состојбата на патиштата

Времето ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, наместа и особено во јужните делови обилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а особено во западните делови на некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Врнежите ќе престануваат кон крајот на денот.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд кои попладне ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Буково,Ѓавато,Пресека и Крушево, а со послаб интензитет снег паѓа на Попова Шапка,Дебар и Плетвар.

УКИНАТА ЗАБРАНА ЗА ТТВ: Од 6:40 мин. забраната за тешки товарни возила на планинскиот превој Пресека се укинува.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +