Centar.mk
ТЕХНОЛОГИЈА

Паднаа Фејсбук и Инстаграм

Корисниците ширум светот пријавуваат проблеми со социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Овие социјални мрежи не работат за многу корисници, а според веб-страницата DownDetector, проблемот со Фејсбук е што луѓето не можат ни да се логираат, додека кај Инстаграм се појавува пораката „Нешто тргна наопаку“.

За Инстаграм повеќе од 56.000 корисници пријавиле проблеми, а најмногу проблемот е што останале најавени, но нивните објави на почетната страница не се вчитуваат.

Што се однесува до Фејсбук, тој е во уште поголем проблем – за 45 минути 350.000 луѓе напишале дека не им работи, а проблемот е најмногу што се „одлогирани“ па не можат повторно да се логираат, па пишува дека лозинката е неточна. Дополнително, не работи ниту Фејсбук Месинџер, како логичен редослед на околности, ниту пак апликацијата Тредс.

Сите овие социјални мрежи се во сопственост на Мета, а технолошкиот гигант допрва треба да излезе да каже што се случува.

Можеби ќе ве интересира

Samsung Knox сега ги штити дисплеите со индустриски призната “CC“ сертификација

ДЕСК

Насоки за купување телевизор: Вашиот целосен водич за избор на совршен ТВ уред

ДЕСК

„Америка никогаш повторно нема да се откаже од Месечината“: НАСА најави база на Месечината и нуклеарна мисија на Марс

C +