Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото ЦУК
МАКЕДОНИЈА

Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница, информира ЦУК

Центарот за управување со кризи информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 920 повици на eдинствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 47,40%, а 52,60% за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Имало седум пожари на отворено во последното деноноќие. Конкретно, Регионалните ЦУК Скопје и Битола информираат за по два, РЦУК Охрид, РЦУК Штип и РЦУК Куманово за по еден изгаснат пожар на отворено.

Од оваа институција информираат за ретка, но сепак опасна ситуација при што е отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица.

Конкретно, РЦУК Штип, информира дека пожарникарите од ТППЕ Виница вчера од 08:00 до 11:00 часот, имале техничка интервенција на испукана боца со хлор од 50 kg во филтер станицата. Интервенирале со две возила, четири пожарникари и четири други лица. Нема повредени лица, но на вработените во филтер станицата во Виница им е даден кислород, заради можност од вдишување на отровниот гас, велат од ЦУК.

Можеби ќе ве интересира

ПРОЛЕТ СРЕДЕ ЕСЕН: Температурите ќе скокнат и до 24 степени – Синоптичарите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК

Расчистено намерно опожарување автомобил во Скопје, постапка против едно лице

ДЕСК

Српски камион се заби во објект на царинската управа – оштетен е кровот и рампата

ДЕСК