Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нов скандал со брзите кредити ја потресе Македонија

СВР Охрид денеска соопшти дека поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“, „ злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, ОВР Струга поднело кривична пријава против Р.С. (45) од Скопје.

Таа, во текот на 2023 година, користејќи лажен идентитет, во Струга отворила две фирми и со три лица склучила договор за вработување по што, со намера да прибави противправна имотна корист, доведувајќи ги оштетените во заблуда, ги искористила нивните податоци и во нивно име извршила електронско аплицирање за брзи кредити. Одобрените пари, потоа ги префрлала на друга трансакциска сметка и ги користела за свои потреби. На тој начин, пријавената се стекнала со бесправна имотна корист од 319.706 денари, вели МВР.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

C +

Филипче жестоко против црната кампања на власта: Јавен линч и лаги, сега ќе ги гонам!

C +

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +