Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Бочварски: Транспортерите да се обратат до Здружението за да им биде издаден нов пасош на брза лента

Оние транспотери кои досега доставиле барања за нови паоши, деновиве ќе бидат контактирани од службите во МВР, објави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

„Барањата се препратени до МВР, разговарав со службите во Министерството. Ме информираа дека документите се предадени за работа во нивните управни служби кои ќе стапат во контакт со лицата заинтересирани да добијат патни исправи во наредните денови“, рече Бочварски.

Вчера од страна на здружението на транспортери добиена била листа со уште 20 лица, поикрај досегашните стотина, за кои се очекува да добијат по брза трака пасоши за да можат непречено да работат.

Бочварски апелираше до сите транспоретри на кои им е потребен пасош да се обратат до Здружението на транспортерите.

Можеби ќе ве интересира

Ангелова: Позитивната оценка од ЕК за образованието и отворањето нови градинки се чекор кон подобри услови за децата и младите

ДЕСК

СНЕГОТ СЕ СПУШТА И КОН ПОНИСКИТЕ МЕСТА – УХМР најавува снежна покривка до 20 сантиметри и силно заладување

ДЕСК

ГОРЕШЕ СТАН ВО ОХРИД, ОСУМ ЛИЦА ИТНО ПРЕНСЕНИ ВО БОЛНИЦА, УАПСЕН МАЖ КОЈ СЕ СОМНИЧИ ДЕКА ГО ЗАПАЛИЛ – Ова се првите детали од моменталните настани во Охрид

ДЕСК