Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Истурил бензин врз шест слот-машини и ги запалил – притвор за битолчанецот кој запали казино

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 35-годишен жител на селото Долно Оризари кој е осомничен за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.

-На 2 март, во вечерните часови, осомничениот влегол во казино на улицата „Лазо Трповски“ во Битола, се качил на спратот од објектот каде што имало и други лица, па истурил бензин врз шест слот-машини и ги запалил. Со тоа предизвикал пожар кој зафатил дел од инвентарот и предизвикал значителна опасност по животот и телото на луѓето и по имотот од големи размери, соопшти Обвинителството.

По предлог од надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола определи мерка притвор во траење од осум дена за осомниченото лице.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК