11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Забрчанец;: “Скопје 2014″ беше узурпација и заробување, денес живееме во слобода

Во своето излагање на конференцијата „АНТИКВИЗАЦИСКА ПРОПАГАНДА“, во рамките на изложбата „Станица Пропаганда“, Марјан Забрчанец, националниот координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи се осврна и на проектот „ Скопје 2014“ оценувајќи го како физичка узурпација на градот и посочи дека во изминатиот период недостасуваше концептуална стратегија за справување со проектот но истакна дека има неколку жарчиња во ова време последно од шест години кој што можат да бидат земени како пример и кои што може да се користат како инспирација.

-Во изминативе шест години ако нешто е видливо и го почувстувавме сите и тоа е одговор на тоа прашање што понуди сегашната власт, тоа е слободата. Ако Скопје 2014 беше узурпација, ние денес имаме барем мисловна слобода. Едното жарче е и отстанувањето на оградата околу Владата, иако сум свесен дека често знае да има таму огради од полиција од безбедносни причини меѓутоа ова е еден симбол, чин, еден став на носење одлуки и преземање на дело конкретно со цел отстранување на некакви барикади, односно ослободување на јавниот простор каде граѓаните слободно можат да се движат, посочи Забрчанец.

Тој додаде и дека жарче светлина кое што треба да инспирира и да биде земено во предвид можеби да се мултиплицира случајот со споменикот на Ќосето кој што гледаме до ден денес се уште го поларизира општеството.

– Ако треба да одговорам на прашањето што треба да е денеска концептот за Скопје, имајќи го погледот напред, ако постземјотресно Скопје донесло концепт на брутализам во архикеноска смисла, а Никола Груевски донесе концепт на некаква антиквизациска пропаганда преку „Скопје 2014“ мислам дека денес ние имаме веќе примери кои што фрлаат еден поглед напред а тоа се не знам зелени површини, мултифункционални простори и енергетски одржливи објекти. Го сметам училиштето Кирил Глигоров во Општина Центар за еден таков енергетски одржлив проект кој што фрла поглед напред, ја сметам реконструкцијата на Универзална за која за среќа продолжува со надеж дека добро ќе заврши со еден модел на мултифункционален модерен објект, го сметам паркот Ибни Пајко за една зелена површина, за едно отворање на површина наместо узурпација, наместо заземање со обејкти за еден поглед напред и тука некаде ја гледам иднината на јавните простори виза ви Скопје 2028, додаде Забрчанец.

Според него „Скопје Град на културата 2028“ не е само локално прашање, не е ни национално, туку над-национално, балканско прашање, а сега станува и европско прашање и затоа учесниците на овие избори мора да одговорат на ова прашање кој е нивниот план, програма, концепт.

-Доколку градот одбива да понуди концепт тогаш културните заедници, архитектите, културњаците, културните работници мора да бараат од градот да бидат имплементирани, инкорпорирани нивните идеи за „Скопје 2028“ доколку истите постојат, ако не постојат треба да бидат создадени и да бидат наметнати пред јавноста така што мислам дека тука имаме огромна шанса пред нас, да бидеме будни и да не дозволиме оваа шанса да се претвори во нова пропаст, додаде тој.

Според Забрчанец дефинициите за пропагандата се менуваа низ годиниве и низ вековите и коментирајќи ја пропагандата во деструктивна смисла рече дека сепак треба да има идеолошки пристап бидејќи јавноста е храна за таа пропаганда.

-Меѓутоа јавноста може да биде и тројански коњ за истата таа деструктивна пропаганда односно да биде противник и да се спротивстави на таа пропаганда. Со оглед на тоа што сме во предизбориеморам да напоменам дека јавноста мора да има активна улога пред и за време на изборите, додаде тој и го даде примерот со „Воинот на коњ“.

Тој раскажа за за еден случај од 2018 кога прво на социјалните мрежи биле пуштени фотографии дека пристигнал кран од Бугарија за да го отстрани споменикот, потоа дожле 20-тина луѓе за да го одбранат „воинот“ на коњ, во меѓувреме од Владата била пуштена информација дека не се планира ниту дислокација ниту било какви активности во врска со овој споменик, а ова укажува на брзината на патот на дезинформациите.

Панел дискусиите се одржаа во Музејот на Современа уметност, во организација на Факултетот за работи што не се учат на конференцијата Школо за пропаганда „АНТИКВИЗАЦИСКА ПРОПАГАНДА. Од Скопје 2014 до Скопје – Eвропска престолнина на културата 2028“, која се реализираше во рамки на изложбата „Станица Пропаганда“ на светски познатиот холандски уметник Јонас Стал, осум панелисти со различни погледи и искуства изложија различни мислења и аспекти за проектот Скопје 2014 ставен во кореалција со титулата која ја доби градот Скопје – Европска престолнина во 2028 година.

Спонзорирано: