„Тука денес со нас имаме силни и храбри жени, работнички, наставнички и професорки, новинарки, докторки, земјоделки, уметници, инженерки, жени кои активно и секојдневно се вклучуваат во општествениот живот и придонесуваат оваа наша земја да биде подобро место за живеење, потенцираше Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во своето обраќање на традиционалниот Осмомартовски Марш по повод Интернационалниот ден на жената, во организација на Форумот на жени на СДСМ.
Тој додаде дека сите тие овие жени на еден или друг начин се дел од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, партија која ги почитува жените и ја препознава нивната способност, сила и моќ.
„Токму затоа отсекогаш биле и се на високи позиции и во Владата и во партијата. Сите тие се олицетворение на посветена работа, пожртвуваност, храброст, и верба во подобро денес и подобро утре за граѓаните. Олицетворение на најдоброто што СДСМ може да го понуди. За сите нив имам пред сѐ благодарност и огромна почит“, посочи Ковачевски.
Тој заклучи дека жени во политиката, во бизнисот, во општествениот живот, нема доволно. Иако СДСМ е пример за тоа како треба да изгледа вистинска рамноправна застапеност и вистинска родова еднаквост, иако секојдневно оваа партија работи на повеќе можности за учество на жените во сите сфери на општествениот и политичкиот живот, сепак, има уште многу работа и борби пред сите нас.


