Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Единствена шанса за подобра македонска иднина е членство во ЕУ

Членството во Европската унија претставува единствена шанса за подобра македонска иднина. СДСМ иднината на Македонија ја гледа во ЕУ, како горда, рамноправна членка на европското семејство, до 2030 година, соопшти СДСМ.

„Државата со СДСМ по 17 години чекање ги започна преговорите за членство во ЕУ и успешно го заврши скрининг процесот.

СДСМ на економски план изминатите години направи многу. Пензиите и платите ги покачи на историски највисоко ниво, успешно се справи со енергетската криза, како и со ковид кризата, преку антикризни пакети и таргетирани мерки парите се враќаат назад кај граѓаните.

Можностите за поголеми плати и пензии, функционален судски систем, забрзан раст на економијата, поголеми инвестиции, европски стандарди во сите области, доаѓаат од членството во ЕУ.

Друга алтернатива нема.

Она што го нудат Мицковски и ДПМНЕ е целосно откажување од иднината. Даваат лажни ветувања, со кои ја носат земјата во изолација.

Претстојните избори се најголемата шанса за да продолжи напредокот кон ЕУ со глас за СДСМ и коалицијата и да се спречи заканата од изолација на земјата со ДПМНЕ.

Не смееме сега да застанеме кога сме пред целта.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Врнежите ќе се засилуваат во текот на ноќта и утре

ДЕСК