Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, приведен дилер

Утрово, околу 01.45 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Б.Ѓ.(34) од Гостивар. При претрес во неговиот угостителски објект и во помошни простории од објектот во Гостивар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, дигитална вага и повеќе предмети со остатоци од кокаин, соопшти МВР.

Б.Ѓ. е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Масовна тепачка на крстосница близу Кичево: Се удирале со дрвени предмети и ножеви, има повредени

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Судир меѓу „тојота“ и „голф“ – има тешко повреден

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Млади момчиња итно пренесени во скопските клиники

ДЕСК