Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИСвест

Битиќи: Платите во основните и средните училишта од 20 се искачија на 35 илјади денари

„Наставниците, професорите, здравствените работници, полицајците и војниците беа сведоци на зголемување на платите како никогаш досега. Бројките сами по себе зборуваат за нашите достигнувања во подобрувањето на благосостојбата и условите за работа“ напиша вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на социјалните мрежи.

Тој сподели инфографик на кој се гледа разликата во платите во 2016 и 2023 година. Наставниците во основните училишта во 2016 година земале 20.745 денари плата, а во 2023 нивната плата изнесува 34.259, покачување од 65 отсто.

Во средните училишта платата била 20.917, додека во 2023 таа е 35.331 денар, што е покачување за 68 отсто.

Најголем раст на платите има во градинките, каде од 15.509 денари во 2016 година, во 2023 година платата е искачена на 28.891 денар или покачување од 86 отсто.

Можеби ќе ве интересира

Дали знаете како е да живеете во страв за парчето леб? 10.000 работници од игрите на среќа порачаа дека нема да бидат жртви на политички игри

ДЕСК

Дарија Боризовска и Сара Милковска од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје меѓу финалистите на Европскиот квиз за пари 2026

ДЕСК

Во март 2026 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесуваше 72 818 денари

ДЕСК