19. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Таравари: Со предлогот за избор на претседател во Собранието, сакаме да отворивме дебата во македонското општество

Претседателскиот кандидат Арбен Таравари во интервју за Слободен печат рече дека потребните потписи за кандидатурата ги собрал за релативно брз временски период, додавајќи дека меѓу потпишаните имало луѓе од сите етнички заедници.

Зборувајќи за условите на неговата партија за идно коалицирање во следната влада, Таравари рече дека примарен услов е внесувањето на Бугарите и другите етнички заедници во Уставот.

„Сега имаме три услови, од нив два се стари услови, едниот е бугарското малцинство и другите малцинства да се вметнат во Уставот, што е услов да бидеме дел од ЕУ, втор ни е формулацијата „20%“ и мислам дека сите албански партии се за тоа и трет е идниот претседател нека се избере од Собрание како што беше избран првиот претседател на Македонија, господинот Киро Глигоров. Ако се сеќавате Глигоров беше избран од Парламентот и ги имаше истите ингеренции како сегашниот претседател. Или да размислиме евентуално за повеќе ингеренции на претседателот, па да одиме на избори. Мислам дека претседателот во Македонија има слични ингеренции како што има претседателот во Грција, во Албанија, во Косово, во други држави кои се слични парламентарни демократии и таму се избира директно во Парламентот. Зошто ние би правеле трошок од пет, 10, 15 милиони евра за претседателски избори, кога можеме да го избереме заеднички во Собрание?“ посочи тој.

Таравари, сепак ретерираше и кажа дека ова барање повеќе треба да се гледа како прелдог отколку како услов.

„Но ова не е условување дека еве вака мора да биде, туку еве отвораме дебата во општеството. Македонските партии афективно реагираат, реагираат емоционално без да влезат во подлабока анализа на овој предлог. Ајде ова да го дискутираме во кампања, ако е добро зошто да не го примениме, ако е лошо ќе го отфрлиме“ рече Таравари.

Можеби ќе ве интересира

Сите гласови од немоќните, болните и затворениците се запечатени во посебни коверти и гласачка кутија, истата се отпечатува дури во недела во 19 часот кога ќе бидат затворени гласачките места низ Републиката

ДЕСК

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК