Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Таравари: Радо би се видел со Зијадин Села по изборите

Со Зијадин Села не сум се видел неколку недели, но радо би се видел веднаш после избори, бидејќи не сме имале некое големо недоразбирање, тој мислеше дека треба да одиме сами, јас мислев дека треба да се обидеме со опозицијата да ја донесеме промената кај Албанците, порача во интервју за Слободен Печат претседателскиот кандидарт Арбен Таравари.

Запрашан за иднината на партијата, Таравари рече дека ќе се чека одлуката на надлежниот суд и дека без разлика каква таа ќе биде, тоа ќе биде испочитувано.

„Имаше една фракција која многу се доближи до ДУИ и тоа е неспорно. Аргументите кон судот се дадени и од наша и од нивна страна, па судот нека одлучи, ние таа одлука ќе ја прифатиме. Кога почна целата оваа работа, јас инсистирав кај одредени членови на Централното претседателство, 17 се од наша страна, 11 се од друга страна и во Централното собрание имаме повеќе од 50% и инсистирав да им го дадеме печатот и да не продолжуваме со овие драми кои се случуваа претходно и во БЕСА со Алтернатива, но огромниот дел од ЦП и ЦС инсистираа дека партијата е на членовите и затоа ќе ја чекаме одлуката на Судот“ појасни Таравари.

Можеби ќе ве интересира

Мојсоска: 3.000 гласа вредни како 30.000 – нашата борба можеби е тешка, но е праведна

ДЕСК

Драстични промени со времето, прво дождови, па значително зголемување на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ: „Плусинфо“ манипуира и одработува за ДПМНЕ, треба да му се извини на Филипче!

ДЕСК