13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Тага до небо: Младата пејачка ја загуби битката со ракот

Пејачката Кет Џенис почина на 31-годишна возраст од рак на коските.

Шокантната вест ја соопшти нејзиното семејство, кое истакна дека пејачката починала во својот дом „опкружена со луѓе кои ја сакаат“.

„Кетрин мирно зачекори во светлината и љубовта на нејзиниот небесен творец. Ние сме вечно благодарни за љубовта што Кетрин и нашето семејство ја добија во изминатите неколку месеци“, се вели во објавата.

Пред нејзината смрт, Џенис го обезбедила својот син Лорен со тоа што му ги префрлила сите права за нејзините песни.

Нејзиниот брат ќе продолжи да управува со нејзиниот Инстаграм профил.

Нејзината најпозната песна е „Dance You Outta My Head“ која стана популарна на TikTok во јануари.

Можеби ќе ве интересира

КОГА СЕ РАЃА МАКЕДОНЕЦ! Нов патриотски проект на Ѓоко Јовиќ за големиот ден „11 Октомври“

ДЕСК

Почина Халид Бешлиќ

ДЕСК

САД го потврдија своето учество на таканаречената руска евровизија, познато и кој пејач ќе ги претставува

C +
error: Соддржината е заштитена.