24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
.МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Случајно или не, Ковачевски дозволил ЕСМ да потпишува сомнителни договори по идентична вредност и со анекс од 20% за зголемување на цената со една иста компанија

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Секој ден на виделина излегуваат нови и нови матни зделки кои се случувале во РЕК Битола и ЕСМ во време на владеењето на оваа власт на ДУИ и СДС. Тоа очигледно се случува во цело време на оваа власт, како сега на бегање кога туркаат тендери за ископ и за увоз на јаглен во вкупна вредност од 150 милиони евра, така и во време на директорувањето на Васко Ковачевски.

Имено Васко Ковачевски дозволил два договора со иста вредност, 708 милиони денари, на компанијата РУД-КОП на 07.06.2021 и 03.10.2022 година, едниот за ископ на инвестициска откривка во рудник ПЈС (РЕК Битола), а вториот за истата работа во рудникот Брод Гнеотино. Притоа ископот по метар кубен во првиот тендер е 1.896 денари, додека за само една година таа цена пораснала и во вториот тендер е 2.595 денари. Тоа значи дека цената поскапела, а пак се потпишува договор по потполно иста цена. Исто така, случајно или не и во двата договори има анекс во вредност од 20% од висината на договорот и анексот и во првиот, и во вториот договор е со иста вредност.

Премногу случајности, за да биде случајно. Дали и колку овие договори биле правени според воопшто да има конкретни планови и параметри? Тоа, доколку не го истражуваат надлежните институции сега, ќе го истражат институциите ослободени од канџите на оваа власт на ДУИ и СДС после изборите.

Постојат низа на криминогени активности во ЕСМ во целиот овој изминат период на власта на ДУИ и СДС. Затоа Македонија се наоѓа на ова дереџе во енергетиката и затоа ЕСМ се претвори во еден од најголемите загубари. Во Македонија никогаш не било полошо, и затоа важно е да ги поразиме.