Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Пендаровски се обрати на Самитот Украина – Југоисточна Европа во Тирана

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на пленарната сесија на Самитот Украина – Југоисточна Европа кој се одржува во Тирана, Република Албанија.

Претседателот Пендаровски во своето обраќање нотираше дека неодамнешната одлука на Советот на ЕУ да обезбеди помош од 50 милијарди евра, како и изгледите дека американскиот Конгрес ќе издвои околу 90 милијарди долари, се активности во вистинска насока. Тој истакна дека Северна Македонија беше меѓу првите земји којашто и пружи воена, техничка и хуманитарна помош на Украина и посочи дека досега имаме испорачано 12 пакети помош, со вкупна вредност од 60 милиони евра.

Претседателот Пендаровски нагласи дека заедно со нашите НАТО сојузници и со истомислениците, ќе продолжиме да се спротивставуваме на нападот врз независноста на Украина, барајќи одговорност за сите извршени злосторства со цел да се обезбеди правда за жртвите и нивните семејства. „Денес од Тирана, мора да ветиме дека и натаму ќе ја пружаме нашата непоколеблива поддршка, се додека не се постигне мировен договор, кој ќе ги одрази аспирациите на украинскиот народ“, порача претседателот Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +

Филипче: Пензионерите се оштетени, власта ги „краде“ со линеарни мерки

C +