4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: СДСМ ја одбра страната на работниците, платите денеска се поголеми за 300 евра во просек

Со концептот на СДСМ, граѓаните ќе имаат повисоки плати и пензии, повеќе инвестиции, подобро платени работни места, повеќе пари назад кај граѓаните, порача претседателот на СДСМ, вечерва во Штип. „Ветивме дека просечната плата ќе биде 500 евра, до 2024, тоа ветување го надминавме, денес просечната плата изнесува 650 евра.

Тоа е за речиси 300 евра повеќе од време на ВМРО ДПМНЕ, кога просечната плата. Во време на СДСМ минималната плата со последното усогласување ќе биде над 22.500 денари. Во време на ДПМНЕ изнесуваше 8.000 денари. Ние ја одбравме страната на работниците, и создадовме системско решение на овој предизвик, еднаш за секогаш“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва на отворањето на партискиот шаб во Штип.