Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Драстична промена на времето во најава – Метеоцентар ја носи најновата долгорочна прогноза

Утре ќе има локални врнежи од дожд, а во текот на ноќта и во петок врнежи од дожд ќе има на повеќе места. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните и јужните делови (над 20 л/м2). Утре ќе дува засилен, а во петок повремено силен ветер (над 60 км/час) од јужен правец. За време на викендот времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност.

Прогноза за 01.03.2024
Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 9°C до 14°C

Променливо облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 02.03.2024
Минимална температура: 2°C до 6°C
Максимална температура: 11°C до 16°C

Променливо облачно со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Прогноза за 03.03.2024
Минимална температура: -1°C до 4°C
Максимална температура: 13°C до 19°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25°C, А ЗА ВЕЛИГДЕН СИЛЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК